Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во врска со смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други ирански функционери и членови на екипажот во хеликоптерска несреќа.

Путин изјави дека смртта на Раиси е „огромна трагедија“ што го снајде народот на Исламската Република Иран, додавајќи дека Раиси бил исклучителен политичар кој целиот свој живот го посветил на служење на својата земја и „вистински пријател на Русија“, пренесува Интерфакс.

– Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин.

Поврзани новости