Путин призна: Ситуацијата во новите региони на Русија е тешка

by Fokus

Претседателот на Русија, Владимир Путин им нареди на специјалните служби да ги држат под постојана контрола местата за масовно собирање на граѓаните, стратешките транспортни објекти и енергетската инфраструктура.

„Имате доволно искуство во борбата против тероризмот, така што работата за спречување терористички напади мора да продолжи систематски и прогресивно, местата на масовно собирање на граѓаните, стратешките сообраќајни објекти и енергетската инфраструктура мора да бидат под постојана контрола“, рече Путин, пренесе РИА Новости.

Тој посочи дека треба да се зајакне работата на граничната служба на Федералната служба за безбедност, пренесе „Спутник“.

„Државната граница е најважниот, клучен периметар за обезбедување на безбедноста на земјата и таа мора сигурно да биде покриена. Обидите за нејзино прекршување мора брзо и ефикасно да се запрат со користење на расположливите сили и средства, вклучително и мобилните единици и специјалните сили“, додаде претседателот на Русија.

„Ситуацијата во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), регионите Херсон и Запорожје е исклучително тешка и безбедносните сили во новите региони на Русија мора да направат се за да обезбедат максимална безбедност, почитување на правата и слободите на граѓаните“, рече Путин, пренесува РИА Новости.

Поврзани новости