Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги подобри трговските и безбедносните врски со земјата и ќе ја поддржи во односите со САД.
Руските државни медиуми објавија дека авионот со рускиот претседател слетал во Пјонгјанг околу 2 часот и 45 минути по локално време по кратко застанување на рускиот Далечен Исток.
Putin jets in for first North Korea visit in 24 YEARS ahead of ‘new world order’ alliance talks with Kim Jong-un #NorthKorea #KoreanNews #NorthKoreaNewsToday #WorldNews [Video] VLADIMIR Putin has started his journey to North Korea for a two-day summit… https://t.co/1rqXD3rUxu
— China News Video (@ChinaNewsVideo) June 18, 2024
Путин рече дека ќе ги подигне односите со Северна Кореја на повисоко ниво и вети безрезервна поддршка на таа земја, објави севернокорејската државна агенција КЦНА пред неговата посета.
Во писмото објавено во севернокорејскиот весник Родонг Синмун, весникот на владејачката Работничка партија, Путин истакна дека во текот на изминатите 70 години, двете земји развиле добри односи и партнерство засновани на еднаквост, меѓусебно почитување и доверба.
Путин и се заблагодари на Северна Кореја за поддршката на руската специјална воена операција во Украина, како што Русија ја нарекува војната што ја започна пред две години, и вети поддршка за напорите на Пјонгјанг да ги брани своите интереси и покрај, како што напиша, „притисокот, уцената и воените закани од САД”.
Во пресрет на посетата, Путин најави дека сака да потпише „сеопфатен договор за стратешко партнерство“ со Северна Кореја. Неговиот советник за надворешна политика, Јуриј Ушаков, рече дека договорот ќе вклучува безбедносни прашања. Ушаков рече дека договорот нема да биде насочен против ниту една земја, туку дека ќе биде „план за идна соработка“.
Посетата ќе опфати приватни разговори меѓу двајцата лидери, гала концерт, државен прием, почесна стража, потпишување документи и изјави за медиумите, рече Ушаков.
Путин беше домаќин на севернокорејскиот лидер пред девет месеци на рускиот Далечен Исток. Тогаш не потпишаа никакви официјални договори.
Белата куќа вчера изрази загриженост поради зајакнувањето на односите меѓу Русија и Северна Кореја. Стејт департментот соопшти дека е „прилично сигурно“ дека Путин ќе побара оружје за војната во Украина. Москва и Пјонгјанг негираат трансфери на оружје, но ветија дека ќе ги зајакнат воените врски, можеби одржувајќи заеднички вежби.