Путин пристигна во Пекинг, ќе зборува веднаш по Џинпинг на отворањето на форумот „Еден појас, еден пат“

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во дводневна посета на Пекинг, каде што ќе зборува на отворањето на форумот „Еден појас, еден пат“ и ќе одржи серија билатерални средби, од кои едната е со кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Очекувано, денеска шефот на руската држава ќе разговара и со претседателот на Виетнам, Во Ван Туонг, со премиерот на Тајланд, Срет Тавесин, со претседателот на Монголија, Ухнагин Курелсук и со лидерот на Лаос, Тонглон Сисулит, пренесува РИА Новости.

Путин ќе биде вториот што ќе зборува утре на отворањето на форумот, по кинескиот претседател Џинпинг, а истиот ден ќе се одржи и средба меѓу претседателите на Кина и Русија.

На дневен ред ќе бидат билатералните односи и формирањето на поправеден мултиполарен светски поредок, наведува руската агенција.

Поврзани новости