770
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација во белорускиот главен град Минск на преговори со Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ДПА.
-Како одговор на предлогот на Зеленски, претседателот Путин е подготвен да испрати делегација на ниво на претставници на министерствата за одбрана и надворешни работи и на претседателската администрација во Минск за преговори со украинската делегација, рече Песков.
Украина претходно најави дека е подготвена за преговори, а Песков изјави дека демилитаризацијата е основен дел од условите за преговори.