Путин денеска изјави дека Украина мора да ги повлече своите војници од сите нови региони на Русија за да започнат мировните преговори. Toj додаде дека друг услов за преговорите мора да биде изјавата на Киев дека се откажува од намерата да влезе во НАТО, пренесува РИА Новости.
– Русија е подготвена и утре да седне на преговарачка маса за Украина – изјави Путин за време на средбата со раководството на руското Министерство за надворешни работи.
Pela primeira vez, Putin inicia a discussão para o fim da guerra na Ucrânia mediante algumas considerações que, muito provavelmente, levará o conflito mais adiante.
Putin afirmou que a Rússia está disposta a negociar sobre a Ucrânia sob condições específicas. Estas condições… pic.twitter.com/h1yjHQhfN2
— Área Militar (@areamilitarof) June 14, 2024
Путин рече дека планот на западните земји да и дадат заеми на Украина со камата на блокираните руски средства е кражба и нема да остане неказнето. Тој рече дека начинот на кој Западот ја третира Москва покажува дека секоја земја може да стане жртва на слично замрзнување на имотот.
– И покрај сите срамови, кражбата секако ќе остане кражба и нема да помине неказнето – порача Путин.
Рускиот претседател додаде дека „сега на сите земји, компании и државни фондови им станува очигледно дека нивните средства и резерви се далеку од безбедни во правна и економска смисла“.
– Секој би можел да седи во ред за експропријација од САД и Западот – рече Путин.
Рускиот претседател зборуваше еден ден откако лидерите на Г7 постигнаа пробен договор за обезбедување на Украина со заем од 50 милијарди долари со камата од руските државни фондови кои беа замрзнати откако Москва започна инвазија на Украина.