Путин повторно се закани со нуклеарно оружје

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад врз Русија поддржан од која било нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.

На состанокот на Советот за безбедност за нуклеарно одвраќање, Путин предложи да се воведат голем број објаснувања во врска со условите за руска употреба на нуклеарно оружје – пренесе „РИА Новости“.

– На денешната агенда имаме прашање поврзано со ажурирање на основите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање, заедно со воената доктрина, ова е документ во кој официјално е дефинирана и детално разработена нуклеарната стратегија на Русија – нагласи Путин.

Претседателот на Русија, говорејќи на пленарната седница на SPIEF во јуни, не исклучи дека нуклеарната доктрина на земјата ќе мора да се приспособи. Путин додаде дека оваа доктрина е жив инструмент.

Сценаријата во кои Русија би можела да употреби нуклеарно оружје се наведени во Воената доктрина и „Основи на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“.

Според документите, тоа е можно во случај на агресија врз Русија или нејзините сојузници со употреба на оружје за масовно уништување или агресија со користење на конвенционално оружје, кога е загрозено постоењето на самата држава.

Поврзани новости