420
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војската ќе продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина и покрај бранот глобални критики поради нападите кои оставија милиони луѓе без струја и вода на почетокот на зимата.
– Има многу врева за нашите удари врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Да, го правиме тоа. Но кој почна прв?, рече Путин на церемонија на доделување награди што се одржа денеска во Кремљ.