Путин потврди дека руското нуклеарно оружје стигнало во Белорусија

by Fokus

Русија веќе ја стационираше првата серија тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Белорусија, која се наоѓа западно од Русија и северно од Украина, е еден од најблиските сојузници на Москва. Тоа и помогна на Русија да ја започне својата првична инвазија на Украина во февруари лани, дозволувајќи им на руските трупи да влезат во земјата од север. Руската употреба на нуклеарно оружје е „теоретски можна доколку постои закана за постоењето на Руската Федерација“, изјави денеска Путин.

Рускиот претседател на Меѓународниот економски форум во Санкт Петребург изјави дека тие ќе се користат само ако територијата или државата на Русија бидат загрозени, пренесе Би-Би-Си.

Американската влада вели дека нема индикации дека Кремљ планира да користи нуклеарно оружје за да ја нападне Украина.

„Не гледаме никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен по коментарите на Путин.

Белорусија е клучен руски сојузник и служеше како лансирно поле за целосната инвазија на Путин на Украина во февруари лани.

Путин рече дека пренесувањето на тактичките нуклеарни боеви глави ќе биде завршено до крајот на летото.

Одговарајќи на прашања по говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека потегот е за „задржување“ и за потсетување на секој што „мисли да ни нанесе стратешки пораз“.

На прашањето за можноста за користење на тоа оружје, тој одговори:

„Зошто да му се закануваме на целиот свет? Веќе реков дека е можна употреба на екстремни мерки во случај да постои опасност за руската државност“.

Тактичкото нуклеарно оружје се мали нуклеарни боеви глави и системи за испорака наменети за употреба на бојното поле или за ограничен удар. Тие се дизајнирани да уништат непријателски цели во одредена област без да предизвикаат широко распространети радиоактивни последици.

Најмалото тактичко нуклеарно оружје може да биде еден килотон или помалку, што произведува еквивалент на илјада тони експлозив ТНТ. Најголемите можат да бидат големи и до 100 килотони. За споредба, атомската бомба што САД ја фрли на Хирошима во 1945 година беше 15 килотони.

 

 

 

 

Поврзани новости