Путин потпиша указ за зголемување на руските вооружени сили

by Фокус

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија за 137.000 војници, со што нивниот вкупен број ќе изнесува 1.150.628 лица.

„Да се утврди службената бројност на Вооружените сили на Руската Федерација на 2.039.758 лица, од кои 1.150.628 се војници“, се наведува во указот.

Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесоа руските медиуми.

Според претходната уредба од 17 ноември 2017 година, во вооружените сили на Русија биле вработени 1.902.758 лица, од кои 1.013.628 биле војници.

Поврзани новости