Путин помилувал член на секта која убивала тинејџери, па ги јаделе нивните органи

by Fokus

Рускиот затвореник кој беше осуден на две децении затвор за ритуалното убиство на четворица тинејџери, наводно, бил помилуван од рускиот претседател Владимир Путин во замена за неговото учество во војната во Украина.

Николај Оголобјак, кој призна дека е член на сатанистичка секта, беше осуден во јули 2010 година за убиство, грабеж и сквернавење на труп. Членовите на сектата ги пржеле и изеле органите на своите жртви во станот на Оголобјак во 2008 година, покажуваат судските документи на кои се повикува рускиот портал 76.ru.

Русија, наводно, интензивно регрутирала од затворите со месеци во обид да ги унапреди воените напори во Украина.

Британското Министерство за одбрана во мај објави дека руската војска го „засилила“ регрутирањето затвореници оваа година, но и покрај тоа тие не успеале да го следат бројот на жртви во Украина.

Таткото на Оголобијак изјави за порталот дека неговиот син служел шест месеци во озлогласената руска единица „Бура З“, која Русија ја користела за изведување локални напади на фронтот во Украина, а сега е дома во градот Јарослав во московскиот регион.

„Вистина е. Тој служел шест месеци во Бура З. Откако бил ранет, бил инвалид. Тој оди, но раната е сериозна“ – изјави таткото на Оголобјак, додавајќи дека е малку веројатно дека поради повредите повторно ќе биде испратен да се бори во Украина.

Поврзани новости