Путин: Полска се обидува под чадорот на НАТО да интервенира во Украина

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин, кој лани нареди руска инвазија на Украина, денеска го обвини Западот дека „го разгорува пламенот на војната“ со тоа што ја поддржува Украина за време на војната.

Тој зборуваше на телевизија пред онлајн состанокот на неговиот совет за безбедност. Рускиот претседател рече и дека целото западно оружје испорачано на Украина „добро гори“ на бојното поле.

Тој, исто така, ја обвини Полска дека „се обидува да формира коалиција под чадорот на НАТО“ со цел да „интервенира во Украина“. Покрај тоа, тој ја обвини Полска дека „има територијални амбиции во делови од поранешниот Советски Сојуз“.

Обраќајќи им се на полските лидери, тој рече дека тие „заборавиле“ дека „западниот дел на Полска е подарок од Сталин за таа земја“.

Москва ќе ја смета секоја агресија врз нејзиниот близок сојузник Белорусија, која беше дел од Советскиот Сојуз, како напад врз Русија, рече тој.

Тој предупреди дека Кремљ ќе одговори на агресијата против Белорусија „со сите средства што ни се на располагање“.

Коментарите на рускиот претседател доаѓаат по последниот одговор на Полска за почетокот на обуката на „Вагнер“ под водство на Евгениј Пригожин во соседна Белорусија.

Поврзани новости