Претседателот на Русија, Владимир Путин, на средбата со група африкански лидери во Санкт Петербург покажа наводен нацрт договор со Украина, за кој тврди дека е подготвен во Истанбул во март 2022 година.
– Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека со помош на турскиот претседател Тајип Ердоган, како што знаете, во Турција се одржаа серија разговори меѓу Русија и Украина со цел да се разработат двете мерки за градење доверба и да се состави текстот на договорот. Со украинската страна не разговаравме за тоа дека овој договор ќе биде таен, но никогаш не го презентиравме ниту коментиравме. Овој нацрт-договор беше парафиран од шефот на преговарачкиот тим во Киев. Тој го стави својот потпис еве го – истакна Путин покажувајќи наводен документ.
Тој додаде дека „тоа беше наречено Договор за трајна неутралност и безбедносни гаранции на Украина“.
– Украина го отфрли мировниот договор штом Русија го исполни барањето и ги повлече војниците од Киев. Каде се гаранциите дека нема да се откажат од ниту еден друг договор во иднина – истакна Путин.