Путин: Подготвени сме да ги скратиме воените буџети за 50 отсто заедно со Америка

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да разговара со САД за можноста за намалување на буџетот за одбрана.

Путин посочи дека намалувањето на трошоците за 50 отсто би било „добра идеја“, што може да направи значителен чекор кон намалување на воениот буџет и негово насочување кон други приоритети.

За време на истото обраќање, Путин ја коментираше војната во Украина, велејќи дека Доналд Трамп сака да ја подобри „политичката ситуација“, но додаде дека таков обид повеќе и користи на Украина отколку на Русија.

Рускиот претседател ги осуди и актуелните европски лидери, истакнувајќи дека тие се „посветени на режимот во Киев“ и не можат да се „мрднат“ од оваа позиција без да го изгубат образот.

Тој конкретно се осврна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдејќи дека Русија и САД „сакаат да постигнат мир во Украина што е можно поскоро“, но дека постапките на Зеленски ја попречуваат таа цел. Путин истакна дека украинскиот претседател „се довел во ќорсокак“ со забраната за преговори со Русија, што, според него, го отежнува постигнувањето мир во регионот.

Поврзани новости