Путин по украинската контраофанзива: Не се брзаме, Русија не ја менува главната цел

by fokus

Украинската контраофанзива нема да ги промени плановите на Русија, изјави Владимир Путин во својот прв коментар по воените успеси на официјален Киев, откако како што тврдат освоиле територија од 8 000 квадратни километри во регионот околу градот Харков.

Главната цел на Русија, повтори Путин, останува целосното ослободување на регионот Донбас, индустрискиот центар на Украина, каде се формирани и ткн народни републики во Доњецк и Луганск.

-Властите во Киев соопштија дека започнале и спроведуваат активна контраофанзива. Но, да видиме како се развива и како ќе заврши. Ние не се бориме со целата армија, туку само со дел од Руската армија, само со луѓето под договор. Природно, ова е заради одредени параметри на персоналот и така натаму. Затоа, ние не се брзаме. Но, во суштина, нема никакви промени, изјави Путин.

Поврзани новости