Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е извесно кога Русија ќе ја победи Украина во конфликтот, но дека руските сили се спремни до тогаш да продолжат со борбата.
Зборувајќи на конференција за медиумите во Москва, Путин истакна дека руските сили стануваат технолошки сè понапредни во конфликтот, кој според него, е војна на НАТО против Русија во која западниот воен пакт ги користи украинските војници.
Истакна дека Русија нема да дозволи Украина да набави нуклеарно оружје и предупреди дека спомнувањето на таа можност е „многу опасна провокација“.
-Русија тоа нема да го дозволи, по ниедна цена – им кажа Путин на новинарите.
Според него, Киев би требало да се откаже од забраната за преговори со Русија, коментирајќи можни руско-украински преговори во Саудиска Арабија.
-Русија е спремна за дијалог со Украина, но не врз основа на претходни договори – кажа Путин.
Москва мора да обезбеди услови за траен мир во Украина кој ќе ги заштити руските долгорочни интереси, додаде рускиот лидер.