Путин: Ова е тежок пат, но ќе се прилагодиме

by fokus

На денешен состанок кој беше пренесуван во живо, рускиот претседател Владимир Путин порача дека руската економија ќе се прилагоди на новата состојба со санкциите, иако патот е тежок.

-Побарувачката за одредени работи расте, но несомнено е дека овие проблеми ќе се решат. Луѓето ќе разберат дека едноставно нема нешто што ние не можеме да го решиме, порача Путин.

Тој додаде дека САД поради ова ќе имаат најголема инфлација во историјата.

-Тие ова го прават за да го експлоатираат своето сопствено население. Зборуваат и се обидуваат да склопат договори со земји на кои претходно им воведуваа санкции, како Иран и Венецуела. Испраќаат функционери таму да потпишуваат договори со нив. Нашите партнери знаат дека сме во право во оваа ситуација, рече Путин.

Поврзани новости