Путин: Очекувам укинување на западните санкции кон Русија

by fokus 10:02
10:02

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува постепено укинување на западните економски санкции кон Русија и нормализација на односите меѓу Москва и Западот, јави ДПА.

– Сегашните санкции против Русија, ниту не изненадуваат, ниту не плашат, вели Путин во интервју за кинеската државна телевизија, објавено во пресрет на неговата посета на Кина.

- Advertisements -

Тој во интервјуто оценува дека овие санкции „постепено ќе бидат укинувани“, по што ќе дојде и до нормализација на односите меѓу Русија и западните земји.

– Ќе ги нормализираме односите со сите наши партнери, вклучително и со САД, како и со оние кои и се потчинуваат на Америка и ни воведоа санкции, додава рускиот претседател.

Осврнувајќи се на воведувањето на американските царини за увоз на челик и алуминиум, Путин оценува дека ваквата мерка ќе им донесе загуби на многу земји, додавајќи дека „порано или подоцна таа ќе им нанесе штети на сите, вклучително и на нивниот иницијатор“.

Рускиот претседател нагалсува дека ги поддржува напорите на Кина за намалување на регионалните тензии и за изработка на план за денуклеаризација на Северна Кореја.

Тој во интервјуто ја поздрави најавата за одржување на средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, при што му порача на својот американски колега да го води разговорот „мудро и зрело“.

Путин в петок ќе допатува во тридневна посета на Кина, во чии рамки ќе учествува и на годишниот Самит на Шангајската организација за соработка.

Поврзани новости