Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека новите руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“ од следната генерација, кои можат да носат 10 или повеќе нуклеарни боеви глави, наскоро ќе бидат распоредени за борбени задачи, пренесува Ројтерс.
Изјавата доаѓа откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им кажа на студентите на воената академија дека „колективниот Запад“ води „вистинска војна“ против Русија.
Тој зборуваше заедно со Путин на настан во Кремљ. Шојгу додаде дека руската армија ќе направи се за да ја обезбеди безбедноста на земјата.
Да потсетиме, според изјавите на Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко, Русија во моментов е во процес на распоредување на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија.