Путин: Ништо нема да биде како што беше

by Фокус

Промените што сега се случуваат се фундаментални и неповратни, рече рускиот лидер на 25. Меѓународен економски форум во Санкт Петербург.

-Оние што веруваат дека работите ќе се вратат на онака како што беа пред избивањето на конфликтот во Украина грешат. Погрешно е да се сугерира дека може да се дочекаат времиња на турбулентни промени и дека работите ќе се вратат во нормала, дека сe ќе биде како што беше. Нема – рече Путин.

Сепак, тој додаде дека владејачките елити на некои западни земји одбиваат да ја забележат оваа очигледна промена и избираат „да се држат до сенките на минатото“.

-На пример, тие веруваат дека доминацијата на Западот во глобалната политика и економија е постојана, вечна вредност. Но, ништо не е вечно. Економијата, пазарите и самите принципи на глобалните економски системи се под закана – рече Путин.

Тој рече дека одлуката на Русија да ја почне таканаречената „специјална воена операција“ била тешка, но изнудена со цел заштита на народот.

Поврзани новости