Путин: Непочитувањето на мерките ќе го сметам за злосторство

by Fokus
Претседателот на Русија, Владимир Путин објасни дека зголемувањето на бројот на заразени од коронавирус во некои региони е злосторство и побара од надлежните органи да ги почитуваат сите санитарни прописи.

На состанок на прашањето за санитарно-епидемиолошката ситуација во Русија, Путин спомена негативни случувања во некои региони во Русија.

-Знам за што се работи. Тоа е резултат на невнимание. Поинаку тоа не можам да го наречам, нагласил тој.

Претседателот ги предупредил властите во регионите дека ќе се смета за злосторство доколку исто така не ги преземат сите мерки во борба против коронавирусот.

Поврзани новости