303
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска им порача на лидерите на 20-те најразвиени земји во светот (Г20) дека е неопходно да се размислува за начин како да се стави крај на „трагедијата“ на војната во Украина.
Путин изјави дека некои лидери на Г-20 на виртуелната средба, организирана од индискиот премиер Нарендра Моди, изјавиле дека се шокирани од руската „агресија“ против Украина и рече: „Се разбира, воените дејствија се секогаш трагедија“.
Се разбира, треба да размислиме како да ја запреме трагедијата, рече Путин, тврдејќи дека Русија никогаш не ги одбила мировните преговори со Украина, пренесува Ројтерс.