295
Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината, соопшти денеска Кремљ.
„Нема да има“ претседателска прес-конференција до почетокот на новата година, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на телефонски брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство.