Путин нема да игра хокеј на Црвениот плоштад

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков соопшти дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.

– Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година, а има извештаи дека може да биде писмено. Не, никогаш не било писмено. Што се однесува до информациите дека е можно да се одржи следната година, секако дека е можно, рече Песков. .

Поврзани новости