„Путин не ја прифаќа независноста на Украина“

by fokus

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска рече дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не ја прифаќа независноста на Украина според меѓународното право.

„Претседателот Путин во својот говор (во понеделникот) во извесна смисла објави негирање на Украина како суверена земја“, нагласи тој по разговорите со неговата германска колешка Аналена Бербок во Берлин.

Поврзани новости