Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа

by vlatko 21:34
21:34

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не ја исклучува можноста за зближување со европските нации.

Говорејќи на денешниот состанок на Советот за безбедност на Русија Путин рече: „Никогаш не сме го одбиле развојот на овие односи, ниту обновата на овие односи“.

Тој постојано го наведуваше соборувањето на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович по масовните протести во 2014 година како причина за раздорот.

Путин зборуваше за државен удар поддржан од САД и неколку европски држави, што го означи почетокот на „синџирот трагични настани кои сè уште се одвиваат во Украина“.

Слични вести