467
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска ги демантираше шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин е болен, па дури и мртов, а тоа се крие со двојник, како што соопштија британските разузнавачи.
Во интервју за француската телевизија, Лавров изјави дека Путин секојдневно се појавува во јавноста и дека „никој со здрав ум“ не може да забележи знаци на болест.
-Мислам дека разумните луѓе не можат да видат знаци на болест или неволја кај оваа личност. Оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да видат кој и како изгледа, рече Лавров во интервјуто за француската телевизија.