Рускиот претседател Владимир Путин денеска, еден ден пред третата годишнина од инвазијата на Москва на Украина, вети дека ќе им обезбеди на руските сили помодерно оружје и технологија.
-Им благодарам на сите учесници во специјалната воена операција за нивната борбеност и одлучноста за победа – рече Путин во видео пораката по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, еден од најважните национални празници во Русија.
Кремљ официјално ја нарекува руската инвазија на Украина „специјална воена операција“.
-Денес, среде брзите промени во светот, нашиот стратешки пат кон зајакнување и развој на вооружените сили останува непроменет. Врз основа на искуството и барањата на бојното поле, опремувањето на војниците со ново оружје е приоритет – рече Путин.
САД беа најважниот сојузник на Украина и снабдувач со оружје кога Џо Бајден беше на функција, но неодамнешните коментари на Доналд Трамп сугерираат дека САД можеби нема да продолжат да ја поддржуваат Украина.