Путин нареди прекин на огнот за Бадник и Божиќ

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од пладне на 6 јануари до полноќ на 7 јануари.

Претходно западни медиуми јавија дека прекинот на огнот ќе почне на полноќ на 6 јануари.

Русија ја повика Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.

Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае  до полноќ в сабота. Руските власти ја повикаа украинската страна да „прогласи прекин на огнот и да им овозможи на граѓаните да присуствуваат на божиќните богослужби“.

Како одговор, украинскиот претседателски советник Михаил Подољак го нарече предлогот „цинична измама и елемент на пропаганда

Поврзани новости