Рускиот претседател, Владимир Путин, најави дека Москва ќе задржи зголемено внимание на зајакнувањето на своите нуклеарни сили.
-Како и досега, ќе посветиме зголемено внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада – рече Путин, мислејќи на нуклеарните ракети стационирани на копно, море и во воздух.
Путин најави дека оваа година за прв пат ќе бидат распоредени интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.
Министерот за надворешни работи на Украина, пак, уверува дека неговата земја нема да користи западни борбени авиони за напад на територии во Русија.
Зборувајќи за Скај њуз во ОН во Њујорк, Дмитро Кулеба рече дека на Украина и се потребни борбени авиони за да ја прекине војната и да ја врати Русија надвор од нејзините источни граници.
-Го користиме оружјето што го добиваме од нашите партнери за да ја нападнеме Русија на окупираните територии на Украина – рече Кулеба.