110
Русија мора да започне производство на ракети со среден и мал дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативна средба со членовите на Советот за безбедност на Русија.
-Во 2019 година соопштивме дека нема да произведуваме такви ракети и дека нема да ги распоредуваме додека САД не ги распоредат тие системи во некој регион во светот – потсети Путин.
Денес, според него, е познато дека САД не само што ги произведуваат тие системи, туку ги пренесуваат и во Европа – на воени вежби во Данска.