Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи традиционална годишна конференција, за која се акредитирани рекорден број новинари – 1.895.
Путин од порано почнува да се подготвува за годишната конференција, а според портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рускиот претседател разговарал со министрите, вицепремиерите и шефовите на федералните агенции за да добие најнови информации за социјалната и економската состојба во земјата.
Минатата година за овој настан беа акредитирани 1.702 новинари.
Ова е 15. годишна конференција на Путин, која за прв пат се одржа во 2001 година, а тогаш ја следеле повеќе од 500 новинари, според ТАСС.
Таа прва конференција траела најкратко, еден час и 35 минути.
Најдолгата била во 2008 година и траела четири часа и 40 минути, а од 2004 година сите конференции траеле повеќе од три часа.
Минатата година Путин ја одржа својата годишна конференција на 20 декември и траеше три часа и 43 минути.