Ќе биде најдено решение за цената на рускиот гас коешто ќе биде прифатливо за Србија, му рекол претседателот на Русија, Владимир Путин на српскиот колега, Александар Вучиќ на средба во Сочи.
-Знам дека некои прашања посебно ве загрижуваат поврзани со истекот на договорот за купување на гас. Мислам дека ќе се договориме, ќе им наложиме на субјектите да ја завршат таа работа. Во секој случај, ќе најдеме такво решение кое ќе биде сигурнно прифатливо за нашите српски пријатели, рече Путин.
Во овој момент на сила е договорот меѓу „Србијагас“ и руски „Гаспром“, но тој истакнува на крајот на оваа година, а во момент којшто е посебно проблематичен поради големиот број на турбуленции на пазарат за енергенси.
Цената за 1.000 кубици гас сега надминува и 1.000 долари, додека Србија според истиот договор за истата количина издвојува 270 долари.
Путин му посакал успех на Вучиќ на претстојните избори во април. И двајцата претседатели констатирале дека односите меѓу двете земји се пријателски и на многу високо ниво. Во текот на целата средба Вучиќ зборувал на руски јазик.