Путин му посака на Бајден „добро здравје“ како одговор на обвинувањето „дека го смета за убиец“

by fokus

По вчерашниот брутален напад од страна на американскиот претседател Џо Бајден, кога во интервју за Еј-Би-Си кажа дека рускиот претседател „ќе ја плати цената за неговото наводно мешање во изборите во САД“ и „дека го смета за убиец“, денеска рускиот претседател Владимир Путин на Бајден му посака „добро здравје“.

-Кога проценуваме други луѓе и земји, тоа е како да гледаме во огледало, рече Путин, пренесен од руските медиуми.

Путин кажа дека во американскиот естаблишмент има многу чесни и почитувани луѓе и дека Русија ќе се потпира на нив.

Рускиот претседател оцени дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови и дека Русија ќе работи на овие односи само под услови што се поволни за неа.

Поврзани новости