Путин му го честиташе роденденот на Лукашенко, го одликуваше со највисокото руско признание

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе 70-тиот роденден на белорускиот претседател Александар Лукашенко, нагласувајќи дека Лукашенко постојано ги брани интересите на својата земја на меѓународната сцена и дека како претседател на Белорусија се докажал како вистински патриот.

Во честитката објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин наведува дека Лукашенко е мудар политичар, способен да носи „далековидни одлуки дури и во најтешките ситуации“ и дека е тешко да се прецени личниот придонес на Лукашенко во развојот на пријателски Руско-белоруските односи, како и за подобрување на интегративните процеси во евроазиската област, пренесува РИА Новости.

Путин изрази уверување дека заедничките напори на двајцата претседатели ќе продолжат да прават се што е можно за зајакнување на руско-белоруската соработка.

Рускиот лидер го потпиша указот со кој на претседателот на Белорусија, Лукашенко, му се доделува Орденот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот, највисокото руско признание, соопшти Кремљ.

Поврзани новости