431
Рускиот претседател, Владимир Путин, упати честитка до Бајрам Бегај, за изборот за нов претседател на Албанија.
Во објавата на руската Амбасада во Тирана се наведува дека Путин му посакал на својот албански колега здравје и успеси на највисоката државна функција.
Путин е меѓу првите шефови на држави кои му го честитаа изборот на Бегај, кој на 4 јуни стна осмиот албански претседател по падот на комунистичкиот режим.
Поранешниот генерал, Бегај (55), заклетва во парламентот треба да даде на 24 јуни, кога му завршува петгодишниот мандат на Илир Мета.