Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА.
Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец.
Тој истакна дека главен услов за размената било Навални да не се врати во Русија.
„Можеби ми верувате, можеби не, но личноста што разговараше со мене сè уште не ја завршила реченицата, но јас реков дека се согласувам“ рече Путин.
„Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања `се случија и во Соединетите Држави, и тоа многупати`“ – рече Путин на прес-конференцијата.
Долгогодишниот соработник на Навални, Леонид Волков, изјавата на Путин ја нарече „цинична“.