Москва беше принудена да одговори на украинските напади врз руските енергетски капацитети, но се воздржа од такви напади во текот на зимскиот период, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.
– За жал, во последно време видовме серија напади врз нашите енергетски капацитети и бевме принудени да одговориме. Од хуманитарни причини не извршивме никакви напади во зима, имајќи предвид дека не сакавме да ги оставиме социјалните институции, болниците и слично без струја, но по нападот на нашите енергетски објекти бевме принудени да одговориме – објасни тој.
Руските противници се вратија во ќош кога се откажаа од преговорите, надевајќи се дека ќе ја поразат на бојното поле – рече Путин.
– Мислам дека тие, во секој случај, спротивната страна донекаде се вратија назад во ќош кога се откажаа од преговорите со надеж дека ќе ја поразат Русија на бојното поле, нанесувајќи и стратешки пораз. Сега сфаќаат дека тоа е невозможно – посочи Путин.
Зборувајќи за нападите врз украинските енергетски капацитети, Путин рече дека тоа е демилитаризација и директно влијание врз воено-индустрискиот комплекс на Украина.
– Но, уште еднаш повторувам, ако се се сведе на решавање на оние прашања за кои зборуваме од почеток, а нападите врз енергетскиот сектор се поврзани и со решавање на една од задачите што си ги поставивме, а тоа е демилитаризацијата. Пред се тргнуваме од тоа дека на овој начин влијаеме на одбранбената индустрија, на воено-индустрискиот комплекс на Украина и тоа директно – нагласи претседателот на Русија.
Во исто време, тој додаде дека „доколку навистина преминеме на некои дискусии за решавање на сите прашања со други средства, се разбира, како што веќе многупати кажав за тоа прашање, ние сме подготвени за тоа“.
Тој нагласи и дека Русија никогаш не отфрлила мирно решение на спорот со Украина, згора на тоа, била склона да го стори токму тоа.