Путин, мачомен опседнат со ботокс!

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин, кој отсекогаш се трудел пред светската јавност да остави впечаток на мачомен, па дури и правеше разголени фотосесии на кои ги промовираше своите мускули, јаваше коњи, покажуваше џудо вештини и позираше со оружје, во обид да ја прикаже својата сила и здравје, сепак во душата е трендсетер и маж кој се плаши од стареењето и не може да го прифати.

Така барем тврдат низа на светски експерти од областа на пластичната хирургија кои со години наназад го анализираат ликот на Путин.

Првите гласини дека тој легнал под нож во име на убавината се појавија пред околу 12 години, кога за време на официјални преговори во Киев, Путин се појави со подливи под очите, но и со тешка шминка.

На новинарското прашање дали лидерот има ,,ново” лице, односно дали правел естетски зафат, одговорот на неговата ПР служба беше дека отсјајот на рефлекторите во салата за состаноци, како и фактот дека Путин бил уморен, биле виновни јавноста да помисли дека тој вбризгал ботокс.

Но, промените на неговото лице во текот на годините продолжија. Иако во октомври ќе полни 70 години, тој изгледа барем петнаесет години помлад, а затегнатата кожа околу очите, на образите и на челото, според хирурзите, сведочат дека минал низа на зафати за подмладување.

Очигледно е дека има филтри во образите. Тие даваат младешки изглед и полни линии. Ја подигнал брадата и очните капаци. Отстранет му е вишокот на кожа на горните капаци, затегнато му е челото. Јасно е дека на него работеле посветени пластични хирурзи и му дале софистициран изглед – појаснува водечкиот пластичен хирург Герард Ламбе од Рефлект Клиник во Манчестер.

-Отстранети му се подочниците, брчките му исчезнуваат. Многу е вообичаено моќни мажи на важни јавни функции да се решаваат за овие естетски зафати – раскажа Патрициа Векслер, пластичен хирург од Њујорк, уште пред неколку години за очигледните промени на ликот на Путин.

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости