587
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека би сакал лице в лице да се сретне со неговиот американски колега Џозеф Бајден.
-Дефинитивно ќе се сретнеме во живо, јас би го сакал тоа, рече Путин како одговор на зборовите на неговиот американски колега дека му е жал што двајцата не се сретнале на самитот на Г-20 во Рим, пренесе ТАСС.
Сепак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека е рано да се зборува за средба лице в лице меѓу рускиот и американскиот претседател.