Русија ја создаде модерна Украина и не е само наша соседна земја, таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат нашите пријатели и роднини, рече рускиот претседател Владимир Путин, објаснувајќи ја одлуката за признавање на регионите Доњецк и Луганск.
Путин во обраќањето ја нарече ситуацијата во источна Украина „критична“, откако изјави дека ја прифатил одлуката на руската Дума за признавање на сепаратистичките региони на истокот на Украина.
-Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде.Украинските олигарси не се грижат за народот, тие им служат на геополитичките интереси на Западот., рече Путин, додавајќи дека „Украина не успеа да развие стабилна државност“.
-Украина е сведена на статус на колонија со која владее марионетски режим, рече Путин.
Путин ги нарече „Пуч“ настаните од 2014 година, кога Украинците го соборија прорускиот претседател.
Тој претходно ги информирал претседателот на Франција и канцеларот на Германија за резултатите од седницата на Советот за безбедност на Руската Федерација.
На седницата се разговараше за актуелната ситуација во Донбас во контекст на барањето на Думата за признавање и дека во врска со воената агресија на украинските власти и операцијата за гранатирање, што доведе до страдање на цивилното население, таа апелираше тие да бидат признати како суверени“, се вели во соопштението на Кремљ.
Според Кремљ, Макрон и Шолц „го изразиле своето разочарување од ваквиот развој на настаните. Во исто време, тие изразиле подготвеност да продолжат со разговорите“.
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва свика итна седница на Советот за одбрана, соопшти Елисејската палата.