Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток.
Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата.
Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина.
Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300.000 луѓе.
Спутник, кој од руски превод значи „сателит“, е името на првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, што предизвика загриженост во САД, кои беа во „вселенска трка“ со Советскиот Сојуз како дел од Студената војна.
Минатата година, Русија стана првата земја која разви вакцина против Ковид-19, нарекувајќи ја Спутник В во чест на победата во вселенската трка.
Пред потпишувањето на договорот за изградба на нов град, министерот за одбрана Сергеј Шојгу се заложи за изградба на неколку нови градови во источниот дел на Сибир, за оддалечениот регион да стане попривлечен за руските жители.
Се повеќе Руси се селат во главниот град Москва, каде има подобра инфраструктура од кој било друг град во земјата и повеќе можности за вработување.