Путин ќе гради железница до Арктикот

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин и наложи на владата да даде предлози за изградба на железница што ќе води до брегот на Баренцовото Море, на северозапад од земјата, додека Москва се обидува да го развие Арктикот.

Путин го постави арктичкиот регион, на северот на Русија, на врвот на своите стратешки задачи и нареди големи инвестиции во воена инфраструктура и ископување руда.

Рускиот претседател побара од премиерот Михаил Мишустин „да даде предлози за изградба на железничка врска до Баренцовото Море“, соопшти Кремљ. Рокот за поднесување на предлозите е 10 мај.

Железницата би завршила во базата Индиго, во арктичкиот регион Ненец, каде Русија планира да изгради пристаниште што ќе биде отворено во текот на целата година.

Поврзани новости