Путин: Инвазијата во Украина ќе ги исполни своите благородни цели

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред средбата со белорускиот лидер Александер Лукашенко изјави дека инвазијата, односно „специјалната операција“ во Украина несомнено ќе ги исполни своите благородни цели.

-Москва немаше избор освен да покрене воена операција за да ја заштити Русија. Судир со украинските антируски сили беше неизбежен и прашање на време. Инвазијата на Украина беше исправна одлука. Русија не планира да се изолира од остатокот на светот, но веќе не можевме да го толерираме геноцидот што се вршеше врз луѓето од регионот Донбас кои зборуваат руски, рече Путин.

Тој ти отфрли обвинувањата за масакрот во Буча и рече дека тоа го исценирале руските сили.

Поврзани новости