399
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не верува дека конфликтот меѓу Израел и Хамас ќе ескалира во поширока војна, бидејќи има впечаток дека „практично нема играчи подготвени да го развијат конфликтот“, пренесува Гардијан.
„Во врска со нападот на болницата, трагедијата што се случи таму е страшен настан. Стотици мртви и стотици ранети се секако катастрофа“, рече Путин, говорејќи во Пекинг, пренесе Ројтерс.
„Навистина се надевам дека ова ќе биде сигнал дека мора што поскоро да го прекинеме овој конфликт. Во секој случај, мора да се фокусираме на можноста за почеток на некои контакти и преговори. Имам впечаток дека никој не сака да продолжи вака, да се развие конфликтот и ситуацијата дополнително да се влошува“, додаде тој.