Путин: Имам добри односи со Дедо Мраз

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин одржа традиционална годишна прес-конференција. Поради пандемијата оваа година е значително поинаква.

Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари е ограничен на 500, а конференцијата се одржуа на поголем простор. За учество на конференцијата беа потребни три ПЦР тестови, а новинарите кои присуствуваа на годишната конференција денеска беа испрскани со честички од сребро на влезот на местото на одржување.

Дополнително, сите столчиња беа поставени на растојание од еден и пол метар, а сите новинари  добија маски за лице на влезот.

Поставени се и средства за дезинфекција на рацете. За разлика од минатата година, обраќањето нема да биде во онлајн формат, туку новинарите ќе можат директно да му поставуваат прашања на Путин.

Рускиот претседатеел зборуваше за пандемијата, тензиите околу Украина, односите со САД и НАТО, но и за многу други меѓународни и домашни теми, како што е економијата.

 

-Поширувањето на НАТО на исток е неприфатливо, рече Путин, одговарајќи на прашање на новинар на „Скај њуз“. Новинарот праша дали Путин може безусловно да гарантира ненапаѓање во Украина?

-Нашите акции нема да зависат од текот на преговорите, туку од безусловната безбедност на Русија. Јасно ставивме до знаење дека проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо. САД стојат со проектили на прагот од нашата куќа. Како би реагирале Американците ако ставиме ракети на границата со Канада или Мексико, рече Путин.

Од друга страна, говорејќи за предлозите за безбедносните гаранции на НАТО, рускиот претседател рече дека Русија едноставно директно го поставила прашањето дека не треба да има проширување на НАТО на исток.

-Топката е на нивна страна, тие мора да одговорат. Се на се, засега гледаме позитивна реакција, рече рускиот лидер.

Новинарите го прашаа Путин како се објаснуваат новите бранови на Ковид 19. Колку е ефикасна вакцинацијата? Како лекарите ги објаснуваат повторливите случаи на инфекција? Зошто стапката на смртност е толку висока?

 

-Тоа е предизвикано од способноста на овој нов вирус да мутира. Многу едноставен одговор. Нови соеви се појавуваат таму каде што има проблеми со здравствените системи. Затоа зборувам за потребата од меѓусебно признавање и дистрибуција на вакцините. Во спротивно нема да може да се справи со овој проблем на глобално ниво, објасни Путин.

Тој забележа дека смртноста од ковид е тешко да се пресмета, а не затоа што некој се обидува да сокрие нешто.

-Колективниот имунитет е низок, што ја објаснува и повисоката стапка на смртност, додаде претседателот.

Новинар му постави на Путин полусериозно прашање за момчето кое го тужело Дедо Мраз затоа што не му го донел тоа што го барал.

Путин рече дека како правник по образование треба да истакне дека Дедо Мраз ги дарува само добрите момчиња и девојчиња, па обвинителот (кој има 20 години) треба да размисли за неговото однесување.

Путин беше прашан и за неговиот однос со Дедо Мраз.

„ Имам добри односи со Дедо Мраз. Ми донесе подароци“ – рече тој.

Поврзани новости