Путин им забрани на Русите да префрлаат пари во странство

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им забрани на жителите да префрлаат пари во странство, како дел од мерките за поддршка на рубљата, чија вредност драстично се намали поради санкциите на Западот откако почнаа со инвазија на Украина. Во декретот потпишан од Путин, стои дека од извозниците се бара да држат најмалку 80 отсто од приходите во рубљи, како чекор да ја поддржат руската економија.

Руската валута, рубљата, се намали за 26 отсто откако САД и другите западни земји ја блокираа руската централна банка и некои други руски банки од банкарскиот систем СВИФТ.

Падот на рубљата во однос на доларот во еден момент ноќеска изнесуваше 40 отсто.

Жителите на Москва во редици денеска чекаа за да извадат пари од банкоматите.

Поврзани новости