Путин им се обрати на мајките, сопругите: Бидете горди на вашите најмили

by fokus

Сакам да апелирам до мајките, сопругите, сестрите, невестите и девојките на нашите војници и офицери кои сега се борат, кои ја бранат Русија во текот на специјалната воена операција.

Разбирам дека сте загрижени за вашите најмили. Може да бидете горди на нив и целата држава се гордее со нив и се грижи заедно со вас, порача рускиот претседател Владимир Путин кој им се обрати на роднините на војниците по повод Осми март.

-Истакнувам дека војниците кои служат воен рок не се и нема да учествуваат во конфликтот и нема да има дополнителен повик за резервисти. Поставените задачи ги решаваат само професионални војници, нагласи тој и додаде дека е сигурен дека тие ќе обезбедат мир и сигурност за рускиот народ.

Путин им се заблагодари и на жените кои служат во оружените воени сили на Руската Федерација.

-Посебни зборови со почит за жените кои ја вршат нивната должност, служат во редовите на оружените воени сили на Русија. Ви благодарам за лојалноста кон татковината, изјави тој.

Поврзани новости