Путин им го честиташе на граѓаните Денот на Русија

by Fokus

Претседателот на Русија – Владимир Путин денеска им го честиташе Денот на Русија на граѓаните и рече дека рускиот народ секогаш ги надминувал сите тешкотии, пречки и неволји и ја зголемувал големината на татковината.

На доделувањето на државната награда во Кремљ, тој нагласи дека во Русија тој празник се слави со почит кон вековната историја на Русија, заветот на нејзините предци, нивните достигнувања и победи, пренесува Риа Новости.

Во Кремљ денеска се одржа свеченост за врачување на државните награди во областа на науката и технологијата, литературата и уметноста, како и за исклучителни достигнувања во областа на човековите права и добротворните активности за 2023 година.

Русија рано утринава го нападна Киев со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, а според прелиминарните податоци нема повредени и причинета штета во тие напади, соопшти украинската армија.

Украинските системи за противвоздушна одбрана го уништија целото воздушно оружје што Русија утринава го лансираше во Киев, напиша шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Очевидци изјавија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана.

Поврзани новости