Путин и Џинпинг го осудија сè поагресивното однесување на Америка

by Fokus

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин денеска го осудија, како што го нарекоа, поагресивното однесување на САД и најавија продлабочување на веќе блиските одбранбени и воени врски.

Во јасна порака до Вашингтон, чиј министер за надворешни работи минатиот месец ја посети Кина за да го убеди Пекинг да ги ограничи врските со Москва, Си јасно стави до знаење дека Русија и Кина се во хармонија за голем број важни прашања, вклучувајќи ја и војната во Украина, и дека тие ќе се спротивстават на обидите за загрозување на нивната врска.

„Односите меѓу Кина и Русија тешко се добиваат, а двете страни мора да го ценат и негуваат“ – му рече Си на Путин во Пекинг.

„Кина е подготвена заеднички да го постигне развојот и заживувањето на нашите две земји и да соработуваме за одржување на чесноста и правдата во светот“, додаде кинескиот лидер, пренесе Хина.

Во заедничката изјава, Пекинг и Москва изразуваат загриженост поради наводните обиди на САД да ја нарушат стратешката нуклеарна рамнотежа, зборуваат за американската противракетна одбрана во светот што им се заканува на двете земји, како и за плановите на САД да развијат високопрецизни ненуклеарни оружје.

 

 

Поврзани новости